Подржувавачите на СДСМ сами да одлучат за кого ќе гласаат во Скопје, изјави вечерва во 24 Анализа пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи. Битиќи демантираше дека СДСМ ќе поддржи кандидат на ВМРО-ДПМНЕ таму каде што СДСМ не успеа да влезе во вториот круг.
За разлика од раководството на СДСМ на чело со лидерот на партијата Венко Филипче, резултатите за Битиќи се очекувани.
Битиќи не одговори конкретно дали ќе биде дел од новото раководство на Филипче, но потенцираше дека функциите не му се приоритет.Во однос на промените кои Филипче ги најави, потенцирајќи дека нема да си поднесе оставка, но ќе има промена во раководството, Битиќи вели секој треба да си понесе морална лична одговорност.
„Јас сметам дека треба да си понесат одговорност како што имале обврдки на овие избори и тоа на различни нивоа. Јас не сметам дека промената на лидер и промената на се друго дава резултат особено за партија која доживеа таков резултат ко ние лани, вели Битиќи. Во однос на предвремени избори , Битиќи вели треба да се анализира. “Добивме добра шлаканица од граѓаните од со ниската излезнозност и неважечките ливчиња, и треба политичката состојба да се анализира од повеќе аспекти”, потенцира Битиќи.









