HomeШоубиз(ФОТО) Вознемирувачки фотографии од Кејт Мос на роденденската забава на Ким Кардашијан...

(ФОТО) Вознемирувачки фотографии од Кејт Мос на роденденската забава на Ким Кардашијан – дали се врати на старите навики?

- Advertisement -spot_img

Манекенката Кејт Мос (51) повторно предизвика загриженост со своето однесување на јавна настан. Таа се појави на забавата по повод 45-тиот роденден на Ким Кардашијан во Лондон, придружувана од пријателката и модна дизајнерка Бела Фројд.

Според фотографиите, Мос имала тешкотии со одењето и едвај се држела на нозе, а косата ѝ беше разбушавена. Таа дури се сопнала додека се качуваше во такси, што повторно ги загрижи нејзините обожаватели.

Манекенката пристигнала во црн мини фустан со црна бунда и штикли, а на забавата присуствуваа и други ѕвезди како Џон Галијано, ФКА Твигс, Исла Фишер, Сара Полсон, Наоми Вотс и Крис Џенер.

Слична ситуација се случи и неодамна за време на Неделата на модата во Париз, кога Мос едвај можела да стои на нозе додека ја напуштала ноќната забава, придружувана од телохранители.

Иако Кејт Мос е позната како „лоша девојка“ во модната индустрија, во последните години таа се посвети на поздрав живот и основа бренд за велнес, кој на крајот банкротираше. По тоа, манекенката се врати на забавите и се појавува почесто во јавноста.

Пријателите на Мос тврдат дека нејзиното однесување е дел од желбата повторно да ужива во животот и дека не треба да се преувеличува загриженоста.

– „Кејт е жена во својот најубав период и сака да се забавува. Луѓето се шокирани затоа што ова не е Кејт која ја гледале во последните години, но таа сака да пие и пуши. Таа е секогаш таа што ја започнува забавата и сака повторно да ужива во животот“, велат пријателите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img