Денеска со почеток од 15 часот и 5 минути во Кочани ќе се одржи 28. протестен „Марш за ангелите“ за поддршка на семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“, за правда за 63-те жртви од кочанската трагедија. Ќе започне од „Паркот на револуцијата“, преку трговскиот центар до зградата на Управата за јавни приходи и кочанската полиција.
Потоа поворката ќе продолжи кон кружниот тек кај двојниот мост каде ќе има кратко запирање-блокада од двете страни.
Оттаму учесниците на маршот ќе се упатат пред зградата на Основниот суд и Обвинителството во Кочани и назад кон „Паркот на револуцијата“. Првото рочиште за трагедијата во Кочани е закажано за 19-ти ноември.









