1.8 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроника40 кучиња скитници отруени во Кичево, здруженијата бараат одговорност

40 кучиња скитници отруени во Кичево, здруженијата бараат одговорност

- Advertisement -spot_img

Преку 40 кучиња скитници се убиени и отруени вчера во Кичево. Од здружението” Грифон” велат дел од кучињата се убиени со огнено оружје, а дел отруени со отров,и тоа во близина на основното училиште ” Санде Штерјоски”.

Случајот е пријавен во сите служби,најдени се ракавици од можниот сторител, а се претпоставува и дека тој намерно одбрал неработен ден, кога децата не се на училиште и нема голема фреквенција на луѓе да за може полесно  да го изврши  грозоморниот чин. 

Проблемот со кучињата скитници во оваа општина се провлекува со години а решението е едноставно – изградба на стационар кое никако да се случи. Граѓаните се жалат дека бројката на улични кучиња во Кичево станува алармантна. Комуналната редарска служба минатата година изброи 500 кучиња на територијата на Општината,но од општината велат дека бројката на бездомни кучиња е намалена.

,,Општина Кичево за третман на улични кучина од буџетот годишно издвојува околу 20.000 евра. Според планот и програмата за решавање на проблемот со зголеменото присуство на бездомните животни, односно за контрола на нивниот број, се врши нивна масовна стерилизација, вакцинација и повторно враќање на територијата од која се заловени.”

Инаку Кичево е и рекордер според бројот на регистрирани напади од улични кучиња, според статистиката на СВР Охрид. Околу 250 граѓани  годишно пријавуваат каснувања а, Општината исплаќа и до 7 милиони денари  или (околу 115.000 евра) за обесштетување на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img