1.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeКултура40 години Макфест – која е суштината на фестивалот и како да...

40 години Макфест – која е суштината на фестивалот и како да се унапреди македонска музика?

- Advertisement -spot_img

Утре започнува 40. јубилејно издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“ во Штип. Многу музика, позитивни вибрации, новитети и голема посетеност се очекува и оваа година.

Фестивалот своите почетоци ги бележи во осумдесетите години, и тогаш е формиран со јасно дефинирана цел – унапредување на забавната музика. Стојан Троицики еден од основачите на Макфест вели дека потребно е многу работа, посветеност, луѓе и финансиски средства за да се одржи еден ваков фестивал, што е ог големо значење за Штип, но и за државата.

„Ние кога го формиравме Макфест имавме јасна и конкретна цел – унапредување на забавната музка во Македонија со сите нејзини аспекти што се содржат внатре. Тука има јазик, мелодиска линија, амбиентална состојба, македонски фолклор, едно огромно богатство.“ – вели Троицки.

Од друга страна посочува дека е потребно многу повеќе од само изведба на сцена, потребно е да се слуша музиката и пеењето, пред светлата и облеката на изведувачите.

„Некој мисли ли на што се изговара на сцената, мисли ли некој на текстови, има ли лектори, коректори. Добро е облечена, светла и добро е за очите, никој не слуша музика сите гледаат како добро изгледа“ – додава Троицки.

Макфест оваа година за првпат ќе биде три вечери од 23 до 25 октомври во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип. Ќе настапат 40 изведувачи од државата и странство, а се очекува и голема посетеност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img