Екипата на Баерн Минхен и официјално му го продолжни договорот на својот актуелен тренер, Винсент Компани до 30 јуни 2029 година. Тековниот негов договор истекуваше во летото 2027 година, но по одличните изведби и резултати, раководството на клубот одлучи да му даде целосна доверба.
Компани, кој што е релативно млад за менаџер, и има 39. години пристигна од Барнли и уште во првата сезона ја освои титулата во Бундес лигата.
„ Му благодарам на Баерн за довербата и условите што ми ги дадоа од првиот ден. Се чувствувам како да сум тука со години и да го познавам клубот длабоко. Почнавме одлично патување и ќе продолжиме да работиме за да постигнеме уште повеќе успеси“, рече Компани по потпишувањето.








