Денес, Јовица Илиевски оствари работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, како и со претставници на ловџиите од нашиот регион – Ловечко друштво „Бујна Леска“.
На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат ловџиите, тековните проблеми на терен и можните решенија за нивно надминување. Беа разгледани предлози за подобрување на законската рамка, одржливо управување со ловиштата и унапредување на условите за работа.
„Како и секогаш, остануваме посветени на интересите на граѓаните и на обезбедување конкретни резултати преку институционална соработка“, изјави Илиевски по средбата.
Средбата се оцени како конструктивна и се најавија понатамошни координации и активности во насока на решавање на приоритетните прашања.
https://www.facebook.com/share/p/17Rwzo8B4r/









