4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМеџити со прашање до Османи во Топ Тема: Ако почнеш да рушиш...

Меџити со прашање до Османи во Топ Тема: Ако почнеш да рушиш дивоградби прашање е „Дали ќе почнеш прво од твојата куќа?“

- Advertisement -spot_img

Во вечерашната Топ Тема се соочуваат кандидатите за градоначалници на Општината Чаир. Бројни ветувања доаѓаат од Изет Меџити, Влен како и од Бујар Османи, Националната алијанса за интеграции. И двајцата кандидати со свои архитекти се подготвени и ветуваат дека да ќе го сменат рувото и ќе ја направат општина по светски стандарди.

„Пред да почне кампањата, ДУИ преку Данела Арсовска, Левица и други кои сакаа да помогнат во предизборието на нивниот кандидат во овој случај на г-дин Бујар Османи, сепак бројките не кажуваат така. Чаир значи на ниво на Скопје е шеста по ред општина по дивоградби, а на ниво на држава е 10 по ред. Јас тврдам дека законот е почитуван до крај. За апартманскиот дел ги помешал, нема во Чаир туку на Водно. Г-динот Османи има најмалку право да зборува за ова, бидејќи самиот живее во дивоградба, ако социјални случаи, лица со ниски примања сме им дозволиле да градат диво, во овој случај цело време бил министер и самиот живее во дивоградба. Кога сме кај корупција и тука мислам дека нема морално право, бидејќи тој доби прекар “пациент“ токму за гинекологија Чаир, тоа беше во специјалниот суд“, изјави Изет Меџити, кандидат на Влен за Општина Чаир.

Во врска со прашањето за дивоградбите Меџити директно му упати прашање на неговиот против кандидат Бујар Османи.

„Значи не се работи за куќата на татко ти во Серава којашто е изградена како дивоградба во времето на комунизмот, туку зборам за твојата куќа во Топанско поле во елитна населба кадешто имаш платено само едно евро за дивоградба и таа е легализирана, кажува и самиот факт што не се градела со дозвола за градба. Ако почнеш да рушиш дивоградби прашање е дали ќе почнеш прво од твојата куќа?“

Меџити за Чаир вети дека ќе биде прва општина со мнозинство од албански гласачи што ќе го затвори прашањето за водовод, атмосферска канализација и дека тоа целосно ќе биде минато нема да се збори за тоа. Мастер планот како што го нарече Меџити предвидува освен решавање на планот со дивоградбите со архитектот Мустафа Тутар, туку и дополнително решавање на сообраќајот почнувајќи со улицата Цветан Димов, како и другите улици предвидени во проектот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img