Денес, кандидатот за градоначалник на Брвеница од редовите на ВМРО, Јовица Илиевски имаше задоволство да оствари работна средба со просветните работници од Општина Брвеница. На средбата се дискутираа постигнатите резултати и подобрените услови, како за учениците така и за наставниот кадар.
Илиевски истакна дека во неговата нова програма ќе продолжи да ја зајакнува соработката во оваа сфера, додавајќи дека квалитетното образование е темел на одржливо и развиено општество.
Средбата ја истакна важноста на континуираниот дијалог меѓу локалните лидери и образовниот сектор за обезбедување континуиран развој и подобрување на образованието во општината.









