1.8 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаНеексплодирани гранати од Првата светска војна пронајдени во Дојран и Преспа

Неексплодирани гранати од Првата светска војна пронајдени во Дојран и Преспа

- Advertisement -spot_img

Во текот на последните две недели беа пронајдени неексплодирани убојни средства од Првата светска војна на два локации во јужниот дел на земјата. Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување извршија безбедно подигнување и обезбедување на пронајдените НУС.

На 20 септември 2025 година, околу 11:30 часот, пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Подрачното одделение Битола на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) подигна минофрлачка граната калибар 75mm од дворно место во с.Фурка, Oпштина Дојран. Гранатата била откриена при изведување градежни работи. Според првичните сознанија, станува збор за проектил со армирана запалка кој бил испукан, но не ја завршил целта. Дојавата за пронаоѓањето била преку Центарот за управување со кризи (ЦУК) – Валандово до Подрачното одделение на ДЗС Валандово, инфромираа надлежните. 

На 2 октомври 2025 година, исто така во 11:30 часот, истиот пиротехничар од Подрачното одделение (ПОЗС) Битола на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) по пријава од случајни минувачи до ДЗС Ресен и Полициската станица Ресен, од брегот на Преспанското Езеро кај с.Отешево подигна три артилериски гранати калибар 75mm и едно панцирно зрно калибар 35mm. Едната од гранатите била без запалка, додека за другите две постои висока веројатност — проценета на околу 95% од стручни лица — дека се со хемиско полнење, што ја зголемува потребата од внимателно постапување и понатамошна анализа.

Пронајдените проектили ќе бидат безбедно транспортирани и уништени на воениот полигон „Криволак”. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img