1.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортМакедонија вечер во Гент против Белгија за првото место во групата

Македонија вечер во Гент против Белгија за првото место во групата

- Advertisement -spot_img

Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во Гент, а синоќа одржаа и тренинг на теренот каде вечерва се игра натпреварот.

Противникот е селекција, каде најголемиот дел од фудбалерите настапуваат во петте најсилни лиги во Европа, но на овој натпревар во составот ќе го нема напаѓачот Ромелу Лукаку.

„Го нема Лукаку, но во составот на Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.

На табелата македонската репрезентација е на првата позиција со 11 бодови (5 натпревари), Белгија е втора со 10 бодови (4), Велс има 10 (5), Казахстан следи со 3 (5), додека Лихтенштајн е последен без бод.

Почетокот на натпреварот во Гент е во 20:45 часот, а ќе го суди Умут Мелер од Турција. Денеска на програмата е уште еден натпревар од групата играат: Казахстан и Лихтенштајн, додека Велс е слободен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img