10.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНебезбедни оброци за децата: Инспектори откриле валкани кујни и ризична храна во...

Небезбедни оброци за децата: Инспектори откриле валкани кујни и ризична храна во градинки и училишта

- Advertisement -spot_img

Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За утврдени недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување, информираат во АХВ.

Дваесет и четири килограми небезбедна храна од три детски градинки биле уништени, откако инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство констатирале дека таа не била соодветно чувана. Директорите се казнети парично, а освен во градинките, поради погрешно декларирање, уништени се и други 59 килограми храна во едно училиште.

„Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територија на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За утврдени недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните“, се наведува во соопштението од АХВ.

Оттаму информираат дека парични казни изречени се за три градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.

„Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна. Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и донесоа 5 решенија за нивно отстранување“, се додава во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img