HomeМакедонијаАко ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави...

Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум, вели Сиљановска-Давкова

- Advertisement -spot_img

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска.

Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката интелигенција, како предизвици за мирот и стабилноста на Европа, Сиљановска-Давкова истакна дека државава во сите горенаведени случаи прави напори да делува конструктивно.

Истовремено, таа посочи дека европскиот континент не е безбеден сè додека земјите од Западен Балкан се надвор од Унијата и додаде дека евроинтеграцијата на регионот мора да се заснова исклучиво на Копенхагенските критериуми.

Во однос на македонскиот евроинтегративен пат, Сиљановска-Давкова потенцираше дека не е логично ЕУ себеси да се дефинира како „единство на различности” и почитување на културните, јазичните и националните идентитети, а од нас да бара да преговараме за својата историја, култура и јазик.

Затоа, заклучи во своето обраќање претседателката ,,Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западниот Балкан во геополитички вакуум”.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img