8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаОпштина Пласница со нов проект за поквалитетни комунални услуги

Општина Пласница со нов проект за поквалитетни комунални услуги

- Advertisement -spot_img

Општина Пласница информира дека реализираше значаен проект – набавка на трактор Тафе 6530 4WD со кабина и корпа за чистење снег, кој ќе има големо значење за функционирањето на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Пласница, во служба на граѓаните на општината.

Градоначалникот Алија Јаоски истакна дека оваа инвестиција е само еден чекор во подобрувањето на условите за работа и услугите за граѓаните. До крајот на годината ќе се реализира и набавка на три камиони (два со капацитет од 4 тона и еден со капацитет од 8 тона) за собирање отпад, како и дистрибуција на 1.500 мали канти и 500 големи контејнери за отпад за населението.

Овој проект ќе ја зголеми ефикасноста и квалитетот на услугите, ќе го подобри собирањето и складирањето на отпадот и ќе придонесе за почиста и поздрава животна средина за сите жители на Пласница.

„Грижата за граѓаните, модерната инфраструктура и мисијата за подобра општина се наш приоритет. Ние остануваме посветени на стабилна, модерна и просперитетна Општина Пласница,“ изјави Јаоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img