3.8 C
Skopje
22 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортМарота се закани: Милан и Интер ќе се иселат од Милано доколку...

Марота се закани: Милан и Интер ќе се иселат од Милано доколку не биде изграден нов стадион

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, проговори за тешкотиите поврзани со организирањето на изградбата на нов стадион во Милано и се закани дека ќе го напушти градот доколку ситуацијата не се подобри.

„Како некој поврзан со фудбалот, малку ми е срам што се справувам со оваа ситуација. Спортот во Милано е ставен во втор план, не можеме да ги исполниме критериумите за организација на финалето на Лигата на шампионите на Сан Сиро, а стадионот не доби дозвола ниту да биде домаќин на Евро 2032. Сето ова е затоа што некои луѓе кои влегле во политиката пред 30 години и се многу конзервативни, не разбираат дека клубови како Интер и Милан апсолутно имаат потреба од нов стадион што ги задоволува современите барања. Доколку оваа ситуација не се реши, двата клуба ќе бидат принудени да го напуштат градот. Тоа би било ужасно за градот. Оптимист сум; гледам што прави градоначалникот и се надевам дека ќе преовлада здравиот разум“, изјавил Марота.

Извор: vecer.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img