0.8 C
Skopje
22 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаСе скарал со три лица, па извадил пиштол и на еден од...

Се скарал со три лица, па извадил пиштол и на еден од нив му пукал во нозе: Стружанец осомничен за три кривични дела

- Advertisement -spot_img

Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта за неколку кривични дела неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи. Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Како што соопшти вчера Обвинителството, осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и кон еден од оштетените испукал неколку пати во долниот дел од нозете. Му нанел две лесни телесни повреди, а потоа влегол во возилото со намера да избега.

„Не ја почитувал наредбата на полициски службеник, кој му наредил да застане и движејќи се наназад со автомобилот го удрил полицаецот на кого исто така му нанел телесна повреда“, стои во соопштението на Обвинителството.

При увидот се пронајдени нож и метална шипка, па се преземаат и дополнителни дејствија на проверки  со цел да се испита нивната употреба во настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img