10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeЗдравје„Еко Едукација“: Платформа што ги поврзува граѓаните и компаниите со одговорно управување...

„Еко Едукација“: Платформа што ги поврзува граѓаните и компаниите со одговорно управување со отпад

- Advertisement -spot_img

Неправилното постапување со отпад претставува сериозен ризик за здравјето на луѓето и животната средина. Северна Македонија секоја година создава повеќе од 1,3 милиони тони отпад, што покажува колку е важно сите да се вклучат во процесот на негово правилно управување.

ОТИ ГРУП преку новиот веб портал „Еко Едукација“ (eco-edu.ngo) им нуди на граѓаните, компаниите и образовните институции практични водичи, едукативни содржини и информации за одржливо справување со отпадот.

Порталот објаснува што претставува отпад, зошто е опасен и како треба да се третира. Особено внимание е посветено на опасниот отпад, кој може да предизвика токсично загадување на вода, почва и воздух, како и на неопасниот отпад што бара селекција и рециклирање за да се намали влијанието врз животната средина.

Една од најкорисните функционалности на порталот е базата на компании што вршат собирање, транспорт и рециклирање на различни видови отпад – ресурс што ѝ е потребен и на јавноста и на бизнис секторот.

Проектот има цел да ги поттикне сите субјекти – од домаќинства до големи компании – активно да придонесат кон почиста и поздравa околина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img