8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионХаосот во Србија влезе во Европскиот парламент – Жолт картон за Вучиќ:...

Хаосот во Србија влезе во Европскиот парламент – Жолт картон за Вучиќ: Вака не се приближувате кон Европската Унија

- Advertisement -spot_img

Насилното задушување на протестите и блиските односи со Русија и Кина не се начини за приближување на Србија кон Европската Унија, се согласи огромното мнозинство европратеници во дискусијата одржана во вторникот. Тие побараа да запре политиката на попуштање кон таа земја.

Комесарот за проширување на Европската комисија, Марта Кос, во дебатата во Европскиот парламент за „бранот на насилство и континуирана употреба на сила против демонстрантите во Србија“ ја повика Србија да „создаде нормална средина за функционирање на граѓанското општество“, истакна дека „заплашувањето не е метод што се користи во ЕУ“ и дека блокот нема да го толерира тоа.

Таа ги повика сите страни во Србија да ги деескалираат тензиите.

– Очекуваме полицијата да дејствува пропорционално и да ги почитува основните права. Ги осудуваме сите акти на омраза, вандализам и насилство, рече Кос на пленарната седница на Парламентот во Стразбур, додавајќи дека треба да се избегнува какво било насилство насочено кон владини претставници и нивните семејства, како и дека властите треба да обезбедат почитување на правото на мирно собирање, еден од императивите за пристапот на Србија кон блокот.

Според Тонино Пицула, постојан известувач на Европскиот парламент за Србија, парадоксално е да се спроведуваат 19 генерации санкции против рускиот режим, а да се молчи за земја кандидатка за членство, чиј шеф јавно одбива да ги спроведе тие санкции против агресорскиот режим.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img