По еднодецениска пауза, обожавателите на Хилари Даф, конечно, добија добри вести. Популарната актерка и пејачка го потврди своето враќање на музичката сцена во вторникот, точно една деценија по објавувањето на својот последен албум Breathe In. Breathe Out. во 2015 година.
Официјалното соопштение за медиумите потврди дека 37-годишната ѕвезда потпишала договор со Atlantic Records, а заедно со новата музика во подготовка е и документарна серија што ќе го следи нејзиното враќање.
Проектот, режиран и продуциран од Сем Ренч, „ќе ги следи долгоочекуваното музичко враќање и личното патување на Даф нудејќи нефилтриран поглед во светот на Хилари“, се вели во соопштението.
https://www.instagram.com/p/DOY0Gzikd-E/?utm_source=ig_web_copy_link
Серијата ќе ги следи хронолошки нејзините подеми, падови и сè помеѓу, а обожавателите ќе може подетаљно да ја видат додека таа го балансира семејниот живот со снимање нови песни, вежбање за настапи во живо и подготовка за нејзиното прво сценско појавување по повеќе од една деценија. Документарецот ќе вклучува и интервјуа, снимки од настапи и видеа од нејзината лична архива.
Пејачката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на „Инстаграм“. „Нова музика… или нешто слично“, напиша Даф кратко покрај серија фотографии.









