5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонија„Македонска држава“ почнува со работа: дигитална библиотека со документи, книги и истражувања

„Македонска држава“ почнува со работа: дигитална библиотека со документи, книги и истражувања

- Advertisement -spot_img

Денес официјално започнува со работа платформата „Македонска држава“, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура и поезија.

Зад иницијативата стои група млади ентузијасти кои вложиле значителен труд за собирање, дигитализација и систематизација на материјали од различни библиотеки, архиви, приватни збирки и јавни извори. Целта е македонската историја и култура да бидат зачувани и достапни за сите.

,,Македонска држава“ е замислена како постојано растечка дигитална архива која ги поврзува истражувачите, учениците, професорите, новинарите и сите што ја негуваат македонската културна и историска традиција. Со редовно додавање нови содржини, платформата ќе се развива во богата ризница на знаење и колективна меморија.

Во моментот, платформата е достапна на англиски јазик, а до крајот на месецот ќе биде лансирана и македонската верзија, со дополнителни преводи на други јазици. Така, библиотеката ќе биде корисна и за граѓаните дома, македонската дијаспора и меѓународната јавност.

Посетете ја www.makedonskadrzava.com и истражете ја колекцијата која ја чува македонската приказна за идните генерации.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img