Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.
До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ветерот ќе го промени правецот во јужен.
Во четврток попладне ќе има изолирана појава, а во петок на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи.









