4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМакедонија против Лихтенштајн утре во Скопје – важен чекор кон завршницата на...

Македонија против Лихтенштајн утре во Скопје – важен чекор кон завршницата на Светското првенство

- Advertisement -spot_img

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. По реми натпреварите со Велс и Белгија, националниот тим ќе се обиде да стигне до првата домашна победа во циклусот.

Селекторот Благоја Милевски нагласи дека Македонија е фаворит на хартија, но предупреди дека тоа мора да се потврди и на теренот.

Сите играчи се здрави и подготвени. Имаме максимален респект за Лихтенштајн и воопшто нема да биде лесно. Додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниту еден противник. Нашата цел е јасна – три бода кои се исклучително важни во моментов“, изјави Милевски.

Задоволство изрази и за настапите на младите фудбалери кои дебитираа против Саудиска Арабија – Лука Станковски, Елмин Растодер и Решат Рамадани, потенцирајќи дека тие ќе бидат дел од плановите и во натпреварите за бодови.

Капитенот Енис Барди истакна дека победата е единствената цел на играчите. „Подготвени сме за дуелот, а три бода можат многу да ни значат за да го завршиме овој прозорец на првото место. Секогаш кога играме за Македонија мотив не е потребен, победата е нашата единствена цел“, рече Барди.

Со евентуален триумф, Македонија ќе се врати на врвот на групата. Во моментов нашата селекција има осум бодови, два помалку од Велс, кој утре нема квалификациски натпревар.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе започне во 18:00 часот, а директен пренос ќе има на МРТ.

Билетите може да се купат на следниов линк

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img