Министерката за образование и наука Весна Јаневска се надева дека постои можност за зголемување на сумата на студентскиот оброк поради инфлацијата, но како што рече – за следната година.
– Искрено се надевам дека постои таква можност. Да, треба да има нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, за следната година зборуваме. За оваа година, тие побараа проширување на квотата, ние ја проширивме квотата. Досега за сè што побарале сме им излегле во пресрет и јас им благодарам, бидејќи тоа тие и го признaваат, го промовираат – рече Јаневска.









