4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПромовирање на слободата: Независната култура добива шанса со новите политики на Ѓорѓиевски

Промовирање на слободата: Независната култура добива шанса со новите политики на Ѓорѓиевски

- Advertisement -spot_img

Културата е срцето на Скопје, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за Град Скопје, на денешната средба со културни работници и уметници. На настанот учествуваа професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, филмски творци, како и претставници на МКЦ и независната културна сцена.

Ѓорѓиевски и неговиот советник за култура, Лазе Трипков, разговараа за идните културни политики, поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство и отворањето на нови простори за културна експресија. Тој нагласи дека посебен акцент ќе се стави на соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции.

,,Скопје е град на слоеви – историја, уметност и визии. Со ваквите средби го градиме мостот помеѓу институциите и културните работници, создавајќи заеднички стратегии и проекти што ќе му дадат ново лице на културниот живот во нашиот град“, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, сите идеи и иницијативи што беа презентирани на средбата ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Град Скопје, со цел градот да стане уште поотворен за уметничка креативност и културен развој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img