-2.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН со критики за образовните политики на ДУИ и Јетон Шаќири

ВЛЕН со критики за образовните политики на ДУИ и Јетон Шаќири

- Advertisement -spot_img

Партијата ВЛЕН остро реагираше по објавувањето на извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година, оценувајќи го како „директна обвинителна акта“ против ДУИ и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири.

Според ВЛЕН, извештајот јасно го открива коруптивното и криминално однесување во Министерството за образование. Во реакцијата се наведува дека се потрошени 3,4 милиони евра за студентски дом во Тетово кој не функционира, додека 18 милиони евра студентски кредити останале неплатени уште од 1998 година. Дополнително, 13 милиони евра за научни книги не се ниту дистрибуирани ниту евидентирани, туку оставени да скапуваат по магацини, а 2,9 милиони евра се доделени за студенти во странство без никаква стратегија за нивно враќање.

ВЛЕН нагласува дека станува збор за „систематска кражба и организиран криминал против образованието“, обвинувајќи ја ДУИ за уништување на иднината на младите генерации. Партијата потсетува и на другиот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за злоупотребите при организацијата на Самитот на ОБСЕ во Скопје, во време кога министер за надворешни работи бил Бујар Османи, како уште еден доказ за нетранспарентното управување со јавните пари.

,,ВЛЕН бара итна истрага и кривична одговорност за сите кои злоупотребиле јавни средства. Никој не е над законот. Времето на крадење во образованието и институциите заврши“, стои во реакцијата на партијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img