4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКоњановски: Учениците во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ ќе учат во подобра средина

Коњановски: Учениците во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ ќе учат во подобра средина

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето

Тој информираше дека училницата, која претходно беше предмет на политички шпекулации, е целосно санирана. Родителите, пак, побараа уште две интервенции – промена на дограмата и набавка на клима-уред за училницата. Според Коњановски, овие барања ќе бидат реализирани во најбрз можен рок за учениците да учат во подобри услови.

Во тек е и подготовка на проект за енергетска фасада и нова дограма за целото училиште, а се продолжува и со проектот за изградба на современа спортска сала, со цел учениците да имаат услови за спорт, здрав развој и среќно детство.

,,Подобрувањето на образовната инфраструктура останува наш врвен приоритет“, порача градоначалникот Коњановски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img