5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВИДЕО: Љубљана станува партнер за европски развој на Скопје

ВИДЕО: Љубљана станува партнер за европски развој на Скопје

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари извонредна средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, со цел зајакнување на соработката помеѓу двете престолнини.

На средбата се разговараше за конкретни решенија за предизвиците со кои се соочува Скопје, особено во областа на јавниот превоз и чистотата на градот. Градоначалникот Јанковиќ ја потврди поддршката на експертски тимови од Љубљана кои ќе помогнат во модернизацијата на Скопје и во други области каде што ќе се побара помош.

Ѓорѓиевски и Јанковиќ договорија интензивна соработка за креирање, планирање и спроведување европски проекти, како и зајакнување на капацитетите на градот. Особен впечаток на делегацијата од Скопје оставија посетите на словенечкото претпријатие за јавен превоз и фабриката за комунален отпад, каде се преработува отпадот од 46 општини низ Словенија.

,,Љубљана е доказ дека со јасна визија, ред и посветеност може да се создаде град кој е чист, достоинствен и пријатен за живот. Се враќаме со нови идеи и силна мотивација да го направиме и нашето Скопје град со кој ќе се гордееме“, истакна Ѓорѓиевски.

Покрај тоа, двата градоначалници ја потврдија позицијата на побратимени градови и договорија официјална посета на Љубљана на делегација од Скопје.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img