Photo by Sixteen Miles Out on Unsplash
Психологијата нè учи дека овие мисли не мора да бидат наш непријател, туку сигнал кој може да се разбере, регулира и претвори во поттик за раст. Прашањето не е дали ќе ги имаме, туку како ќе им одговориме.
Создадете дистанца
Првиот чекор е да ја препознаеме мислата без да се идентификуваме со неа. Техниката наречена cognitive defusionод когнитивно-бихејвиоралната терапија нè учи да кажеме: „Јас имам мисла дека сум неуспешен“, наместо „Јас сум неуспешен“. На тој начин ја создадеме потребната дистанца и ја гледаме мислата како минлив ментален настан, а не како дефиниција за тоа кои сме.
Фокусирајте се на она што се случува тука и сега
Негативните мисли често живеат во минатото или иднината, во сценарија што веќе поминале или во катастрофи што можеби никогаш нема да се случат. Практикувањето на mindfulness, преку едноставни техники како длабоко дишење или фокусирање на пет нешта што ги гледаме околу нас, ни помага да се вратиме во сегашниот момент. Тука, во оваа секунда, често има многу помалку закани отколку што умот сака да ни покаже.
Запишете ги
Една едноставна алатка е да ги запишеме негативните мисли на хартија. Ова ја намалува нивната моќ, затоа што од главата ги преместуваме во конкретен облик. Кога ќе ги видиме испишани, можеме да се запрашаме: „Дали ова е факт или само страв?“ Истражувањата покажуваат дека со вакво рефраминг размислување се намалува нивното влијание врз нашата емоционална состојба.

Photo by Magnet.me on Unsplash
Движење и телесна активност
Умот и телото се тесно поврзани. Кога сме заглавени во негативни мисли, едноставно движење — прошетка, истегнување, јога или брзо чистење дома — може да создаде физиолошка промена која го менува и нашиот ментален тон. Физичката активност ослободува ендорфини и ја намалува активноста на „центарот за аларм“ во мозокот.
Насочете ја енергијата кон нешто што ве инспирира
Наместо да се бориме со мислите, можеме да ја пренасочиме енергијата кон нешто што нè инспирира: уметност, читање, разговор со пријател или работа на проект кој нè исполнува. Психолозите велат дека чувството на смисла е најсилниот антагонист на негативното размислување. Кога умот има цел, просторот за самосаботирачки мисли се намалува.
Негативните мисли нема да исчезнат целосно. Но кога ќе научиме да ги гледаме како минливи облаци на небото, наместо како трајни вистини, тогаш ќе почнеме да ја враќаме контролата. Нашата внатрешна сила не се состои во тоа да ги исклучиме мислите, туку да изградиме здрав однос со нив — и да создадеме повеќе простор за мир, креативност и радост.








