-0.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаДимитриеска-Кочоска во Загреб: Македонија се приклучува на меморандумот за развој на капиталните...

Димитриеска-Кочоска во Загреб: Македонија се приклучува на меморандумот за развој на капиталните пазари

- Advertisement -spot_img

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, утре во Загреб ќе учествува на официјалната церемонија за потпишување на Меморандум за разбирање и соработка за развој на пазарот на капитал. Настанот е организиран од Министерството за финансии на Хрватска и обединува земји од Централна и Југоисточна Европа – Хрватска, Бугарија, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

Со потпишувањето на меморандумот, земјите ќе ја потврдат заедничката определба за унапредување на соработката во областа на пазарите на капитал преку подобрување на законодавството и регулативата, интеграција на инфраструктурата, дигитализација и хармонизација.

,,Иницијативата има за цел да испрати силен сигнал до инвеститорите, пазарите и меѓународните партнери дека земјите од регионот се посветени на координирани и усогласени реформи, како и на создавање услови за долгорочен и одржлив економски раст,“ соопштија од Министерството за финансии.

Димитриеска-Кочоска ќе учествува и на министерски панел каде што ќе разменува искуства и добри практики со колегите од регионот. Министерството нагласува дека ова претставува потврда за заложбата на Македонија за продлабочување на регионалната економска соработка и зајакнување на довербата на инвеститорите

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img