HomeСветУапсен поранешниот претседател на Шри Ланка под обвинение за проневера на јавни...

Уапсен поранешниот претседател на Шри Ланка под обвинение за проневера на јавни средства

- Advertisement -spot_img

Француските медиуми пренесуваат дека 76-годишниот Викремесинге е приведен откако првично бил повикан на распит во врска со патувањето во Лондон во септември 2023 година за да присуствува на дипломирањето на неговата сопруга на британски универзитет додека беше шеф на државата.

Викремесинге , кој беше премиер на земјата рекордни шест мандати, беше избран за претседател во 2022 година, за време на тешката финансиска криза на островот.

Тој  како лидер на партијата Обединет народен фронт (УПФ) ги предводеше масовните протести предизвикани од економскиот колапс на земјата под водство на неговиот претходник Готабаја Раџапакса, кој беше принуден да поднесе оставка и да избега од земјата.

Роден во семејство на истакнати политичари и бизнисмени, Викремесинге, во 1978 година, на 29-годишна возраст стана најмладиот министер во историјата на земјата откако беше назначен на функцијата од неговиот чичко, претседателот Јуниус Џајевардене.

Партијата Обединет народен фронт ја предводи од 1994 година, кога беа извршени неколку атентатите на негови партиски колеги.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img