По завршувањето на третото квалификациско коло во Лига Европа официјално ги дознавме сите парови во плејофот како последна пречка на патот кон Лигашката фаза.
Шкендија која беше елиминирана од Карабах (Азербејџан) во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите, го продолжува меѓународниот настап во плејофот во ЛЕ во кој ќе игра против Лудогорец од Бугарија.
Првиот меч ќе се игра во Скопје на 21 август, а реваншот е седум дена подоцна во Разград.
Тетовските „црвено-црни“ ќе се обидат да испишат нова историја, веќе имаат најмалку обезбедено настап во Конференциската лига, но тоа може да се промени доколку излезат како победници во двомечот со Бугарите, и се пласираат во второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Во продолжение погледнете ги сите плејоф двојки во Лига Европа:
Макаби Тел Авив (Израел) – Динамо Киев (Украина)
Шкендија (Македонија) – Лудогорец Разград (Бугарија)
Слован Братислава (Словачка) – Јанг Бојс (Швајцарија)
Малме (Шведска) – Сигма Оломуц (Чешка)
Панатинаикос (Грција) – Самсунспор (Турција)
Абердин (Шкотска) – ФЦСБ (Романија)
Лех Познањ (Полска) – Генк (Белгија)
Митјиланд (Данска) – КуПС (Финска)
Линколн Ред Импс (Гибралтар) – Брага (Португалија)
Зрињски Мостар (Босна и Херцеговина) – Утрехт (Холандија)
Бран (Норвешка) – АЕК Ларнака (Кипар)
Риека (Хрватска) – ПАОК (Грција)







