8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаИнцидент на „Маршот на ангелите“ во Кочани – возач им го пресече...

Инцидент на „Маршот на ангелите“ во Кочани – возач им го пресече патот на родителите на загинатите

- Advertisement -spot_img

Со транспаренти „Престанете да вршите тортура врз нашите семејства“, „Крив е системот, не беше несреќа“ и „62 животи – 62 иднини, семејства со вечна болка, правда и одговорност, нема мир без тоа“ денеска родителите и роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на улиците за да укажат дека и натаму чекаат правда.

„Маршот на ангелите“ се одржува секоја сабота, во 18:05 часот, како симбол на доцната реакција на институциите.

Сакаат да испратат пораки до системот.

-Кој ќе ги тргне плакатите од службените лица, нашите солзи да го стасаат, само тоа имам да го кажам. Затоа што 99% вие сте виновни за смртта на нашите деца. Каде е сега началникот да излезе, сакам да ги видам дипломите на сите што ги купивте – порача мајка која ја загуби својата ќерка во пожарот во „Пулс“.

Настанот започне од градскиот парк во Кочани, движењето ќе продолжи кон трговскиот центар, седиштето на општина Кочани, локалната канцеларија на министерството за внатрешни работи, како и Основниот суд во Кочани.

За време на протестот во Кочани дошло до инцидент кога возило им го пресекло патот на демонстрантите, и покрај полициското присуство.

Како реакција на сето тоа, семејствата целосно ја блокираа крстосницата во близина на полициската станица во градот. Побараа од МВР да го идентификува и санкционира возачот кој го предизвика инцидентот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img