Општина Струмица објавува Јавен повик за времен ангажман на евидентирани невработени лица во рамки на проектот:
„Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес во средно и основно образование“ за учебната 2025/2026 година.
Услови за пријавување:
Да сте евидентирано невработено лице во Агенцијата за вработување на РСМ.
Минимум завршено средно образование (од било која област).
Предност имаат кандидати со претходно искуство како лични асистенти и сертификат за работа со лица со попреченост.
Целни групи:
Долгорочно невработени лица (над 12 месеци, со предност над 5 години)
Млади лица до 29 години
Лица над 50 години
Самохрани родители
Родители на деца со попреченост
Жртви на семејно насилство
Детали за ангажманот:
20 работни часа неделно
Период: 01.09.2025 – крај на учебната 2025/2026 година (9 месеци)
Надоместок: 13.750 денари бруто месечно
Потребни документи:
1.Пријава за учество во проектот
2.Потврда од Агенцијата за вработување дека сте евидентирани како невработено лице
3.Копија од диплома за завршено средно образование
Начин на доставување:
Пријавите се доставуваат од 08.08.2025 до 22.08.2025, по препорачана пошта или лично, во запечатен плик со назнака „Не отварај – За Јавен повик за лични асистенти“, на адреса:
Општина Струмица, ул. „Сандо Масев“ бр. 1
(во работни денови од 08:00 до 16:00 часот).
ВО ПРИЛОГ ЛИНК ОД ЈАВЕН ПОВИК ЛИНК
ВО ПРИЛОГ ЛИНК ОД ПРИЈАВА ЛИНК









