Министерството за внатрешни работи објави дека вчера од 698 евидентирани сообраќајни прекршоци, вкупно се санкционирани 46 возачи на електрични тротинети на ниво на цела територија.
– Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи евидентираа вкупно 698 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.
Изречени се дури 46 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети за сторени сообраќајни прекршоци и се соочени со законски предвидените глоби, објави МВР.
Најчитани
Stay Connected









