домаМакедонија8 дневен притвор за сопственикот на кравите и неговите две ќерки од...

8 дневен притвор за сопственикот на кравите и неговите две ќерки од кривопаланечко

- Advertisement -spot_img

Основниот суд во Крива Паланка одреди осумдневен притвор за сопственикот на повеќе од 500 крави, Г.Ѓ. (57), и неговите две ќерки А.Ѓ. (30) и А.Ѓ. (22), сите од село Жидилово, Кривопаланечко, дознава Expres.

Тројцата се уапсени на 2 декември 2025 година околу 16 часот во село Жидилово, откако физички и вербално попречувале полициски службеници од ПС Крива Паланка и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при извршување на службени дејствија поврзани со стадото крави.

Јавниот обвинител поднесе предлог за притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. Во образложението се наведува дека семејството подолг период го малтретира месното население и соседите, а сега преминало и на директно спречување на државните органи и инспекциските служби во вршењето на нивните законски обврски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img