0.8 C
Skopje
18 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија70 милиони евра за нови оддели и реконструкција на тетовската болница

70 милиони евра за нови оддели и реконструкција на тетовската болница

- Advertisement -spot_img
Во Клиничката болница во Тетово ќе се вложат до 70 милиони евра за изградба на два нови оддели и реконструкција на постојните блокови, најави министерот за здравство Азир Алиу по денешната посета заедно со градоначалникот Билал Касами.

Алиу истакна дека е формирана работна група која ќе ги мапира сите објекти и приоритетни потреби, со цел да се утврди каде е најнеопходно да се инвестира. „По завршувањето на анализата и буџетирањето, за два до три месеци ќе започнат градежните активности“, рече тој.

Проектот предвидува изградба на оддели за онкологија, инфектологија, дерматологија, психијатрија и гинекологија, како и целосна реконструкција на хируршките и интернистичките блокови. Дополнително, ќе се уреди инфраструктурата и надворешниот простор околу болницата.

Овој зафат е дел од поширокиот план на Владата за подобрување на инфраструктурата на јавното здравство, кој вклучува вкупни инвестиции од 205 милиони евра во Тетово, Кичево и Штип.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img