Утрово во 03:17 часот, во СВР Битола било пријавено од лекар од Итна медицинска помош Македонски Брод дека кај нив бил донесен 52-годишен маж од Скопје со прострелна повреда на раката.
Повредениот, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде му била укажана соодветна лекарска помош.







