0.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeШоубиз5 октомври 2007, последниот концерт на Тоше

5 октомври 2007, последниот концерт на Тоше

- Advertisement -spot_img

Со почеток во 19:30 часот вечерта на 5 октомври на тогашниот Градски стадион во Скопје почна хуманитарниот концерт на Тоше, кој се покажа како негов последен. Билетите чинеа по 200 денари, а целата собрана сума беше за реновирање на стотина училишта ширум Македонија.

„Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество“, изјави тогаш Тоше.

Гости на концертот беа Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола.

„Сликајте ме со ѕвезденото небо“, ѝ се обрати Тоше на публиката кога илјадници мобилни телефони и запалки светнаа на неговите романтични рефрени.

Утрото на 16 октомври на автопатот Липовац-Загреб, кај местото Нова Градишка во Хрватска, Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на само 26 години, ставајќи крај на една кариера која допрва требаше да блесне во светски рамки.

Денес неговото име го носи стадионот во Скопје, реновиран и со значително зголемен капацитет.

Целиот концерт:

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img