2.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeКултура45 години од раѓањето на Тоше Проески

45 години од раѓањето на Тоше Проески

- Advertisement -spot_img

Во негова чест, низ повеќе градови се организираат настани што ја потсетат јавноста на неговото дело и на вредностите што ги живееше. Како дел од одбележувањето, во петокот во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје се одржа културно-уметничкиот настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Проески.

Тодор Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, а потекнува од влашко семејство од Крушево, каде го завршил основното образование. Патот кон музиката го продолжил во средното музичко училиште во Битола, а потоа и на Факултетот за музички уметности во Скопје.

Професионалната музичка кариера ја започнал во 1997 година на фестивалот „Мелфест“ во Прилеп, каде што победил со изведба на песната „Yesterday“ од „Битлси“. Истата година настапил и на „Макфест“ со композицијата „Пушти ме“, со што го привлекол вниманието на пошироката јавност. Песните „Пушти ме“ и „Остани до крај“ го означија неговиот ран подем, а пресвртна точка во кариерата претставува настапот на Скопскиот фестивал во 1999 година со „Твоите бакнежи на моите бели кошули“.

Во 1999 година го објавил деби-албумот „Некаде во ноќта“, по што следел период на интензивна продукција и концертна активност. Во 2000 година учествувал на „Скопје фест“ со песната „Солзи прават златен прстен“, а истата година го промовирал и албумот „Синот Божји“, кој содржи неколку од неговите најпрепознатливи песни.

Посебно значаен момент во неговиот професионален развој е победата на „Беовизија“ во 2003 година со песната „Чија си“, што го позиционира како една од водечките поп-ѕвезди на Балканот.

Во текот на кариерата, Тоше Проески соработувал со бројни истакнати автори, композитори и изведувачи од Македонија и од регионот, меѓу кои Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Миро Буљан, Антонија Шола и Тони Цетински.

Во 2004 година ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во Истанбул со песната „Life“, англиска верзија на „Ангел си ти“, и го освојува 14. место во финалето.

Неговата биографија е обележана и со посебен ангажман за најмладите и за општественото добро: Во 2003 година Тоше бил именуван за регионален амбасадор на добра волја, а во септември 2004 година за национален амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, како најмлад носител на оваа титула во светот.

Трагично загина на 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img