Во реонот на сараевската населба Грбавица, бор висок повеќе од 10 метри падна врз жена која почина од повредите во Клиниката за итна медицинска помош , јавија медиумите во БиХ.
Како што ни соопштија од службите за итни случаи, големо дрво падна врз жена во 40-тите години. Таа се здоби со животозагрозувачки повреди на главата и беше итно префрлена во болница, но за жал не преживеа.
Инаку, во Сараево наврнале 40 сантиметри снег. Пешаците се огорчени од неисчистените тротоари, многумина се движат и по патиштата, пишуваат тамошните медиуми.
Во текот на ноќта, снегот престана да паѓа во главниот град на Босна и Херцеговина. Сепак, од раните утрински часови, жителите на Сараево продолжуваат да имаат тешкотии при движењето по неисчистените тротоари и патишта и чекаат намален јавен превоз на погрешно поставените автобуски и трамвајски станици.







