Младо момче е тешко повредено откако врз него паднала метална врата додека влегувал кај роднина. Завршил во гостиварската болница.
– На 13.08.2026 во 09:50 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Н.А.(19) од село Дебреше. Според пријавено, тој се здобил со повредите откако врз него паднала метална врата во дворот додека влегувал кај негов роднина, инфомрираа од МВР.
Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.






