Се судрија возило и мотоцикл на улица во Гостивар. Тешко повреден е 19-годишник.
– На 23.03.2026 во 18:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар и мотоцикл „кросер“, управуван од А.Ф.(19) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информираа од полицијата во дневниот билтен.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.








