домаХроника15-годишник се бори за живот, врсник го прободел во стомак

15-годишник се бори за живот, врсник го прободел во стомак

- Advertisement -spot_img

15 годишниот ученик од основното училиште „22 ноември“ во Општина Гази Баба кој вчера беше прободен со нож е хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба. 

Од Ургентниот центар информираат дека на детето вчера му била направена операција бидејќи имало оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена во пределот на стомакот

Напаѓачот кој е на иста возраст со повреденото дете, по пријавата за инцидентот веднаш бил уапсен а предметот со кој го извршил нападот бил одземен.

Телевизија 24 денеска беше во училиштето. На терен наидовме на родители кои после часовите си ги земаат децата од училиште. Се обидовме да поразговараме со нив но никој не сакаше да зборува пред камера. Со нас споделија дека детето напаѓач е поранешен ученик во истото училиште. Ја побаравме и директорката за да ја прашаме како дошло до овој инцидент и што ќе биде прземено за да се спречат вакви насатни во иднина но од вработените во училиштето ни беше кажано дека не е на работа. 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи го осуди настанот и кажа дека ќе останат во комуникација со надлежните со цел побрзо да се реши случајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img