домаМакедонија149 милиони евра за пругата кон Бугарија

149 милиони евра за пругата кон Бугарија

- Advertisement -spot_img

Владата обезбеди 149 милиони евра грант од ЕБОР и Европската инвестициска банка за изградба на секцијата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, железничката делница од источниот дел на коридорот 8. По долг период на застој проектот добива реална финансиска конструкција – истакна министерот Николоски. Вели, со Бугарија е постигнат договор и за изградба на прекуграничниот железнички тунел кој треба да ги поврзе двете држави.

Коридорот 8 е еден од најзначајните паневропски транспортни коридори кој треба да ги поврзе Црно Море и Јадранско Море. За Македонија е од стратешко значење, бидејќи ќе овозможи побрз траспорт на патници и стоки, подобра регионална поврзаност и пристап до европските транспортни мрежи, што се очекува да придонесе за економски развој и зголемување на трговската размена.

Железничката делница Крива Паланка – Деве Баир се смета за најкомплексен инфраструктурен зафат на источниот крак на коридорот 8, бидејќи опфаќа изградба на тунели и мостови.

По 30 години изградбата на оваа делница станува реалност-истакна премиерот Мицкоски кој очекува позитивни импликации и на градежништвото, а со тоа и на економскиот раст.

Со изградбата на источниот крак на коридорот 8 ќе се заокружи железничката врска од Куманово преку Бељаковце и Крива Паланка до границата со Бугарија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img