домаМакедонија10 возачи уапсени за безобѕирно возење — возат пијани, без дозвола и...

10 возачи уапсени за безобѕирно возење — возат пијани, без дозвола и со активни забрани

- Advertisement -spot_img

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници уапсиле 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Меѓу уапсените има четворица кои управувале возило без положен возачки испит, односно Т.Т. (43) од Битола, О.И. (44) од Кичево, малолетник од Скопје и М.С. (35) од село Ваташа кој управувал трактор, а во оваа категорија се додава и малолетник од Неготино кој возел нерегистриран мотоцикл без дозвола.

Покрај нив, две лица управувале возило под дејство на алкохол, при што кај Д.Б. (21) од Скопје биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта, а кај Ј.Г. (67) од Штип биле измерени 1,77 промили. Исто така, фатени се и тројца возачи кои управувале возило и покрај тоа што имале активна мерка забрана за управување, и тоа З.С. (55) и И.С. (54), двајцата од Кичево, како и С.М. (58) од село Илиово, Делчевско.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите за побезбедни патишта.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img