Струга е во екот на летната туристичка сезона, а градот е исполнет со домашни и странски туристи, иселеници и посетители. Градоначалникот Менди Ќура оцени дека ова е една од најдинамичните сезони досега, со богата културна, спортска и забавна програма која привлекува голем број гости.
Тој информираше дека ова лето се организирани 24 настани и повеќе од 30 дена програма, која продолжува и во наредниот период.
Според Ќура, покрај природните убавини, токму разновидната понуда ја прави Струга една од најпосетените летни дестинации во земјава, нагласувајќи дека развојот на градот се темели и на вложувања во културата, уметноста и јавниот живот.






