Џулија Саркози, единственото дете на Карла Бруни и поранешниот француски претседател Никола Саркози, во последно време привлекува сè повеќе внимание со својот изглед. До неодамна изгледаше како вистинска тинејџерка, а денес, како што многумина веруваат, изгледа двојно постара отколку што е всушност.
Токму затоа стана една од најкоментираните тинејџерки во Европа, но не во позитивно светло. Џулија, која е родена во октомври 2011 година, носи екстензии, вештачки трепки, многу шминка, а користи и крем за самопотемнување.

Некои се согласуваат дека ова е природна фаза од растењето, но други веруваат дека ова е погрешно за девојче кое има 13 години.
Џулија почна да објавува фотографии на Инстаграм пред две години, и на почетокот споделуваше само фотографии со коњи и видеа направени додека јаваше. Сепак, наскоро почна да објавува селфиња направени пред огледало, со вештачка коса и во кратки маички што го откриваат нејзиниот стомак. Поради ова, многу луѓе ја споредуваа со девојки кои се многу постари од неа.

„Нокти, трепки, тен – има 13 години, но изгледа како да има 25“, „Кога мама ќе излезе од дома и ќе се соочите со царството на козметиката“, „Мама би ме критикувала ако имам такви трепки. Веројатно веднаш би ги тргнала“, „Изгледа како убава 30-годишна девојка која не може да се контролира со користење на руменило“, се само некои од коментарите за нејзиниот изглед.









