домаМакедонијаЉутков: Квалитетна Национална стратегија за вистински развој на културата

Љутков: Квалитетна Национална стратегија за вистински развој на културата

- Advertisement -spot_img

Заштита на културното наследство и обука и вработување на стручен кадар кој е дефицитарен, реорганизација и оптимизација на дел од националните установи, без отпуштање на вработени, ова се дел од клучните поенти од Националната стратегија за развој за периодот од 2026-та до 2030-та година.

Патоказ по кој културата во Македонија ќе се движи во следните пет години. Фокусот ќе биде ставен на интеграцијата на младите, поттикнување на разновидноста во креативните изрази и дигитализацијата, вели ресорниот министер Зоран Љутков.

Овој стратешки документ, заснован врз сериозни анализи, не треба да остане само на хартија, вели Љутков.

Македонија треба да провери во колкава мера ѝ е заштитено материјалното и нематеријално културно наследство и притоа, да ги искористи инструментите и механизмите за заштита на УНЕСКО, истакна хрватската професорка и академик Милена Драгиќевиќ-Шешиќ.

Ресорниот министер информира дека сите идеи и сугестии коишто ќе произлезат од јавната расправа, ќе бидат разгледани и имплементирани во финалниот документ, пред да биде испратен до Владата и Собранието. Вели, целта е да создадеме квалитетна Национална стратегија, за вистински развој на културата во Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img