Екипата на Шкендија Арачиново после долги години се врати во Втората македонска фудбалска лига, а под водство на искусниот стратег Љупчо Марковски – Калц има одличен старт во новата сезона.
Тимот од Арачиново тргна убедливо против Ресен во Преспа со 0:3, а пак дома го доби и Охрид со 2:1 во дерби меч. Шкендија забележа и победа во Купот на Македонија откако славеше во пенал-серијата против Каменица Саса и обезбеди осминафинале од Купот на Македонија.
Искусниот стратег Љупчо Марковски – Калц за М Нет телевизија вели дека Шкендија ќе оди на победа секој натпревар.
„Навистина е тешко да се прогнозира бидејќи секогаш тој фактор среќа и повреди во фудбалот е многу важен. Јас би посакал да не служи здравје, на секој натпревар ќе одиме на победа, мислам дека Шкендија Арачиново според луѓето во клубот, желбата на навивачите дека заслужува да биде во горниот дел на табелата“, рече тренерот Љупчо Марковски – Калц.
Утре во рамки на 3. коло Шкендија Арачиново ќе игра дерби меч против Скопје во Автокоманда, а пак Калц ќе се соочи со својот поранешен клуб кој го водеше долги години.
Александар Ванев, М-Нет
ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија | Забрането превземање!







