домаМакедонијаЈакимовски за Лукровски: „Не се пронајде во функцијата, велеше дека му трпи...

Јакимовски за Лукровски: „Не се пронајде во функцијата, велеше дека му трпи семејниот живот“

- Advertisement -spot_img

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, во гостување на „4ТВ“ зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат градоначалниците, оценувајќи дека многумина влегуваат во локалната политика без целосно да бидат свесни колку е тешка и одговорна функцијата.

Осврнувајќи се на боледувањето на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски, Јакимовски рече дека таквиот развој на настаните подолго време бил тема меѓу луѓето кои ги следат состојбите во општината. Според него, главниот проблем е што не секој може да се прилагоди на темпото и обврските што ги носи функцијата.

„Човекот едноставно не се пронајде во оваа работа. Зборуваше дека си го нарушил комодитетот, дека на претходното работно место имал поголеми примања и дека трпи семејниот живот. Веројатно не бил свесен дека во општината се работи 24 часа. Телефонот мора да биде достапен и во 2, 3 или 4 часот наутро, бидејќи граѓаните очекуваат одговор“, изјави Јакимовски.

Тој посочи дека градоначалничката функција претставува исклучително сложена менаџерска позиција, која бара истовремено обезбедување финансии, реализација на проекти и справување со политички притисоци и противници.

Посебен акцент стави и на функционирањето на администрацијата.

„Администрацијата е како силен коњ. Ако не ги држите цврсто уздите, ќе ве фрли од седлото. Луѓето таму често сакаат денот да им помине полесно, но градоначалникот е тој што оди на избори и мора да го постави системот така што ќе биде вистински сервис за граѓаните“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека за време на неговиот мандат практикувал максимална отвореност кон граѓаните, па неговиот телефонски број бил јавно достапен.

„Ја направив таа функција таква што секој граѓанин, кога има проблем, прво се обраќа кај градоначалникот. И денес, иако не сум на функција, луѓе од други општини ми се јавуваат за помош или совет“, истакна Јакимовски, додавајќи дека искуството е клучно кога треба да се донесе тешка одлука.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img